Урми за подобро здравје
Урмите содржат неверојатни состојки – освен бакар, калиум, манган, влакна, магнезиум и витамин Б6, тие ги содржат и речиси сите витамини...

Урмите содржат неверојатни состојки – освен бакар, калиум, манган, влакна, магнезиум и витамин Б6, тие ги содржат и речиси сите витамини.
Урмите го подобруваат дигестивниот систем. Доколку имате проблеми со дигестијата или постојана констипација, нутриционистите препорачуваат консумација на урми. Освен тоа, лекуваат и проблеми како хемороиди.
Овој плод содржи многу магнезиум, така што може да ја ублажи болката и да помогне при отоци, но и да го намали артериското воспаление и ризикот од срцеви заболувања, како и артритис.
Урмите се многу здрави за консумација во бременоста – 69 жени кои биле тестирани и кои консумирале урми за време на бременоста имале помалку болки за време на породувањето.
Богати се со железо, спречуваат дијареја помагаат при констипација, ја чуваат витката линија, го регулираат холестеролот, го зајакнуваат срцето, го регулираат крвниот притисок, спречуваат мозочен удар.
