Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
02.02.2023 08:33
Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег.
