УКРАИНА
Киев: Русија подготвува нова офанзива на годишнината од првата
02.02.2023 09:36
Украинското министерство за одбрана предупреди – Русија подготвува нова голема офанзива, која би можела да почне на годишнината од почетокот на првата, односно на 24 февруари...

Се разгоруваат битките крај реката Дњепар. Украинското министерство за одбрана предупреди – Русија подготвува нова голема офанзива, која би можела да почне на годишнината од почетокот на првата, односно на 24 февруари. Според нив, Москва мобилизирала околу 500.000 војници за можната инвазија.
И Американскиот институт за проучување војна неодамна објави дека Русија планира да преземе решавачка акција и да лансира голема офанзива на истокот. Засега на Киев никој не му нуди борбени авиони. Делегација на Европската комисија денеска и утре во Киев.
