ИЗРАЕЛ

Напад врз Газа

02.02.2023 09:40

Израелската војска ја нападна Газа неколку часа откако пресретнала ракета истрелана од овој појас...

Залудни се апелите на САД да се смират тензиите во Израел и окупираниот Западен Брег. Израелската војска нападна Газа неколку часа откако пресретнала ракета истрелана од овој појас.

Погодени се позиции на Хамас каде што се произведуваат ракети и оружје. Ни исламистичката група која владее во Газа ни Исламски џихад не презедоа одговорност за проектилот. Во последните месеци се зголемија тензиите меѓу израелската и палестинската страна по рациите на Западен Брег и судирите во кои има жртви.