САД

Вашингтон: Немаме непријателски намери кон Северна Кореја

02.02.2023 09:59

„САД немаат непријателски намери кон Пјонгјанг, бараме сериозна и одржлива дипломатија за да се справиме со целиот спектар на прашања од интерес за двете земји и за регионот“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа...

Белата куќа ги отфрли обвинувањата на Северна Кореја дека заедничките воени вежби со Јужна Кореја во регионот се провокација. „САД немаат непријателски намери кон Пјонгјанг, бараме сериозна и одржлива дипломатија за да се справиме со целиот спектар на прашања од интерес за двете земји и за регионот“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Претходно Министерството за надворешни работи на Северна Кореја изјави дека вежбите може да го претворат полуостровот во огромен воен арсенал и покритична воена зона.