Сообраќај
Казнети 240 возачи за брзо возење низ државата
02.02.2023 10:29
115 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи.
Од нив девет возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 115 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
