Новата српска влада воведува ригорозни реформи за излез од кризата

03.05.2014 17:15

Ваквите чекори се изнудени, премиерот Александар Вучиќ, кој деновиве формираше влада, веќе најави дека тешките реформи за економско закрепнување се главната цел во програмата. Србија се наоѓа во сериозна економска криза, констатираше Вучиќ, објаснувајќи ги трите основни столба...

Од 1 јули во Србија платите во јавниот сектор- каде работат над 700.000 лица се намалуваат за 10 отсто. Се очекува намалување и на пензиите. Згорана се, најавени се и отпуштања во над 153 јавни претпријатија -загубари. Синдикатите веќе се огласија со став дека последиците од  кризата- неможат да одат само на грбот на работниците.

Не треба да заборавиме дека во овие претпријатија работат 53.854 лица. Кога ќе помножиме со 3 члена  фамилија, кои посредно живеат од овие претпријатија, доаѓаме до огромна бројка од 200.000 лица, кои со стечај и ликвидација, остануваат без никава надеж и перспектива“, смета Ранка Савиќ, претседател на АСНС.

Ваквите чекори се изнудени, премиерот Александар Вучиќ, кој деновиве формираше влада, веќе најави дека тешките реформи за економско закрепнување се главната цел во програмата. Србија се наоѓа во сериозна економска криза, констатираше Вучиќ, објаснувајќи ги трите основни столба.

Силна и кредибилна стабилизација на јавните финансии со цел стопирање на растот на јавниот долг до 2017 г. Реформа на јавниот сектор со цел создавање на ефикасна администрација, достапно здравство, поквалитетно образование и ефикасен судски систем. Реформа на економскиот амбиент со цел намалување на ризиците и трошоцитена работење-е третиот столб на економските реформи на Србија“, вели Александар Вучиќ, премиер на Србија.

Мошне остра оценка за највените реформи- даде Саша Радуловиќ, еконосмки експерт кој на предлог на Вучиќ беше министер за стопанство во претходната Влада.

Она што Вучиќ се обидува да го престави како инвестиции е всушност распродажба на Телекомот, Државната лотарија, Аеродромот, Рудникот Бор и Електростопанството на Србија-се со цел да ја пополни огромната буџетска дупка која ја создаваат партијски вработените кадри. Србија ќе продолжи да пропаѓа!“, смета Радуловиќ.

Надворешниот долг на Србија е над 20 милијарди евра, буџетскиот дефицит изнесува 8% од БДП,а јавниот долг е 62 отсто од БДП.

Александар Вучиќ ја спомена и Македонија. Тој најави дека ќе направи се за создавање на подобри услови од оние во Македонија и Бугарија, за привлекување на инвеститори. Србија ја чекаат 4 тешки години во спроведување на реформите за излез од кризата.

 

Оливер Бранковиќ