Украина
Руска ракета погоди станбена зграда во Краматорск
02.02.2023 12:01
Најмалку две лица загинаа, а седум се повредени кога ракета истрелана од руските сили погоди станбена зграда во градот Краматорск во источна Украина...

Најмалку две лица загинаа, а седум се повредени кога ракета истрелана од руските сили погоди станбена зграда во градот Краматорск во источна Украина.
Според регионалниот гувернер Кириленко под урнатините има затрупани луѓе а на местото на настанот има спасувачи и припадници на полицијата и јавните служби.
Минатиот месец загинаа најмалку 44 лица кога руска ракета погоди станбена зграда во источниот украински град Днипро.
