Падна владата на Братушек!

03.05.2014 17:21

Со оставката на 44 годишната премиерка ќе престане и мандатот на министрите, а владата до именување на новата ќе ги извршува тековните работи...

Падна левичарската влада на словенечката премиерка Аленка Братушек. По загубата на претседателското место во нејзината партија, Братушек побарала што побрзо одржување на предвремени парламентарни избори, најавувајќи дека во понеделник ќе му поднесе оставка на претседателот Борут Пахор.

Со оставката на 44 годишната премиерка ќе престане и мандатот на министрите, а владата до именување на новата ќе ги извршува тековните работи.

Братушек во изјавата за јавноста оценила дека предвремените избори може да се случат во јули, така што првиот можен датум е 22 јуни. Сепак Братушек додаде дека политичката ситација не била причина за паника бидејќи нејзината влада успеала да ги стабилизра јавните финансии, а и оценката за економските прогнози до ркајот на гоидната е подобра од поранешните што според неа би значело дека Словенија се движи на добар пат.