Сали: Утре одлука за обезбедување средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза
Како што посочуваат од Министерството за здравство, набавката ќе се одвива во неколку фази, а во рамки на првата фаза, се очекува во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за обезбедување средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза.

Се очекува во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за обезбедување средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза, информира министерот за здравство, Беким Сали.
„На вчерашната владина седница иницирав обезбедување финансиски средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза. Се очекува во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за обезбедување средства“, соопшти Сали на Фејсбук.
Како што посочуваат од Министерството за здравство, набавката ќе се одвива во неколку фази, а во рамки на првата фаза, се очекува во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за обезбедување средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза.
Асоцијацијата за цистична фиброза најави нов протест в сабота од 12 часот пред Владата, со кој повторно ќе побараат да се обезбеди терапија за болните од цистична фиброза.
