Мбапе неизвесен за натпреварот против Баерн во Лигата на шампионите

02.02.2023 13:30

Според „Л’Екип“, играчот го повредил коленото и сега може да го пропушти осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн...

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе се повреди на натпреварот од 21 коло на шампионатот на Франција против Монпелје (3:1).

Дваесет и четиригодишниот Французин беше заменет во 21 минута.

Според „Л’Екип“, играчот го повредил коленото и сега може да го пропушти осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн.

На натпреварот против Монпелје се повреди и дефанзивецот Серхио Рамос.

Средбата ПСЖ – Баерн ќе се одигра на 14 февруари во 21 часот.