Здравство

Штипската болница се бори за кадар

02.02.2023 13:32

Од над петстотини вработени пред две години, Клиничката болница во Штип сега има 440 вработени. Одливот на кадар, пензионирањето и прекинот на договорите на дело се сериозна пречка за нормално функционирање. Болницата достави барање до Министерството за здравство за 50 вработувања...

Клиничка болница Штип покрена постапка за вработување на 50 лица, од кои 15 лекари, 10 сестри и останат медицински персонал, со цел да се надмине долгогодишниот проблем со недостиг на кадар. Проблемот сега е посебно изразен откако 15 доктори, сестри и лаборанти преминаа во новата приватна болница во Штип.

Буџетот на болницата за оваа година изнесува 620 милиони денари, кој според директорот е доволен за кадровско зајакнување и набавка на нови апарати.

Одделот за кожни болести ќе биде опремен со најнови апарати, а во одделот за очни болести се планира набавка на окуларен компјутерски томограф.

 

 

Славица Величковска