Основен кривичен суд

Димова не призна вина, судењето продолжува на 3-ти март

02.02.2023 13:55

Обвинетата поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, не призна вина за делата „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница за кои и се суди...

Поранешната директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова не призна вина во процесот во кој и се суди за злоупотреба на службената положба и за измама. Вина не чувствува ниту благајничката Ана Павлиду. Во обвинението стои дека злоупотребиле 320 илјади евра европски пари. Нивните бранители, пак тврдат оти чесно работеле, а тендерите и договорите биле склучувани законски.

Второобвинетиот Александар Гочев призна вина за делото, и за него постапката се раздвои со нов процес закажан за 21 февруари. За Димова и за благајничката процесот продолжува на 3-ти март.

Во постапката што следува обвинителството треба да докаже дека обвинетите случиле договори со соработници, експерти и обучувачи без јавен оглас и без еднаквост и јавност во постапките, но и дека потпишале договори со фирми спротивно на водичот на Европската комисија и планот за јавни набавки.

 

Анита Димитријевска Велковска