Инвеститорите бараат стручно образовани кадри
Инвеститорите бараат соодветен кадар, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Затоа тие им помогаат на осмооделенците и на матурантите да изберат професија што се бара на пазарот на трудот...

Странските инвеститори бараат стручно образовани кадри. Учениците кои живеат во непосредна близина на индустриската зона Бунарџик немаат дилема дека за да се вработат треба да се стручно образовани. Електротехника и телекомуникации е професијата во која се гледаат.
Александар Ангеловски вели дека стекнатото знаење и задолжителната пракса ќе му помогнат побрзо да се вработи.
„Во иднина се гледам во некоја од околните фабрики, во општина Илинден“, смета Александар кој е ученик во средното стручно училиште „Илинден“- Општина Илинден.
Инвеститорите бараат соодветен кадар, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Затоа тие им помогаат на осмооделенците и на матурантите да изберат професија што се бара на пазарот на трудот.
„Организираме активности, индивидуални и групни, со тоа што им задавме серија тестови кои се однесуваат на истражувања на нивните желби, афинитети, интереси и способности и вештини што ги поседуваат“, вели Павлина Костовска- Грујоска, Центар за вработување на град Скопје.
Во осумдесеттедржавни средни стручни училишта има 23.384 слободни места. Новина е тоа што во педесетина училишта ќе се реализира настава по нови реформирани планови и програми. Од Агенцијата за вработување сметаатдека со соодветно образование на младитесе намалува бројот на невработените.
„Во постојана комуникација сме со инвеститорите и се трудиме да им излеземе во пресрет со квалификуван кадар за работните места што се отвораат“, изјави Слободнака Алкесовска , раководител на Центарот за вработување на град Скопје.
Постојните странски инвестиции, плус дваесет нови компании кои ќе почнат производство во земјава се доволен мотив за младите да се насочат кон стручно образование.
Наташа Јанчиќ
