Избегнат инцидент во српското Собрание
Упатени серија обвинувања за предавство кон српскиот претседател. Пратеници од опозицијата, се упатија кон местотото каде што седи претседателот Александар Вучиќ.
Хаос во српското Собрание. Турканици пред говорницата. Избегнат инцидент откако двајца членови на опозицијата го повикаа Собранието да го отфрли француско- германскиот предлог за Косово.
Упатени серија обвинувања за предавство кон српскиот претседател. Пратеници од опозицијата, се упатија кон местотото каде што седи претседателот Александар Вучиќ.
Во исто време пратениците на СНС се приближија кон масата на претседавачот. За смирување на тензиите во салата влезе обезбедувањето.
Српскиот претседател ги повика пратениците да бидат смирени и да и дозволат на опозицијата „да си го покаже вистинското лице“. Според Вучиќ, опозициските парламентарци и нанеле огромна штета на Србија со циркусот што го создале во парламентот.
