Белград

Вучик со предлог за решавање за спорот со Косово, дојде до инцидент со Опозицијата

02.02.2023 16:49

Претседателот Александар Вучиќ, побара единство за Косово, но наместо тоа во Собранието дојде до инцидент кога пратениците од десноориентираната опозиција, со повици да не го даваат Косово и за предавство тргнаа накај Вучиќ...

Претседателот Александар Вучиќ во обраќањето на седницата на Националното собрание на која се разговара за текот на дијалогот и француско-германскиот предлог за решавање на спорот меѓу Србија и Косово, побара единство за Косово, но наместо тоа во Собранието дојде до инцидент кога пратениците од Десноориентираната Опозиција, со повици да не го даваат Косово и за предавство тргнаа накај Вучиќ, при што дојде до кошкање и расправа со пратениците на српската напредна странка.

На ова му претходеше говорот на Вучиќ, кој кажа дека најновиот европски план не е објавен и дека најтешкиот дел е точката 4 во која се вели дека „Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација“.

„Дали да се спротивставиме или да не се спротивставиме???,за Советот на Европа, во моментот кога тие ќе одлучат ќе имаат мнозинство. Дали се противеле или не се противеле,за НАТО ќе имаат мнозинство. Исто е и за приемот во ЕУ, тоа е нивна одлукаШтом го прочитав ова, јасно е за што се работи – поставени сте пред избор, какви се последиците и каков е нашиот избор“, изјави Александар Вучиќ-претседател на Р. Србија.

Она што беше договорено, додаде Вучиќ, е однапред да се оди со обврската од Бриселскиот договор, а тоа е Заедницата на српски општини, која Албанците не сакаат да ја спроведат и која не може да биде модел на некоја невладина организација, туку да е тоа што е потпишано во Брисел.

Вучиќ посочи дека Србија ќе разговара и за најлошиот договор бидејќи не смеат да се повторат грешките од минатото, изнесувајќи план од 10 точки за политиката на Србија во наредниот период.

 

Оливер Бранковиќ