Вашингтон: Кинески шпионски балон лета над САД
Кинески шпионски балон лета над САД веќе неколку дена. Вашингтон го надгледува балонот откако пред неколку дена влезе во воздушниот простор на САД, во кој има и американски воени авиони со екипаж...

Кинески шпионски балон лета над САД веќе неколку дена. Вашингтон го надгледува балонот откако пред неколку дена влезе во воздушниот простор на САД, во кој има и американски воени авиони со екипаж. Високи американски воени претставници размислуваа да го соборат балонот. Од Пекинг велат дека ја разгледуваат ситуацијата. Кина вели дека ја разгледува и ја проверува ситуацијата.
„Кина е одговорна земја и секогаш строго ги почитувала меѓународните закони, а Кина нема намера да ја нарушува територијата и воздушниот простор на која било суверена земја. Што се однесува до балонот, како што споменав, ја разгледуваме и ја проверуваме ситуацијата и се надеваме дека двете страни ќе можат да се справат заедно со ова мирно и внимателно“, изјави Мао Нинг, портпарол на Министерство за надворешни работи на Кина.
САД размислуваат за соборување на балонот над Монтана, но сепак остатоците би можеле да претставуваат потенцијален безбедносен ризик. Инцидентот се случува во време кога државниот секретар Блинкен требаше отпатува за првпат во Пекинг овој викенд. Шпионските балони летаа во американскиот воздушен простор неколку пати во последниве години.
