Украина
Почнува самитот ЕУ-Украина
03.02.2023 10:14
Лидерите на земјите-членки на ЕУ во главниот украински град разговараат за одговорот на Унијата на конфликтот, реконструкција и помош, глобалната безбедност на храната и апликацијата на Украина за пристапување во ЕУ...

Самит ЕУ-Украина во Киев. Лидерите на земјите-членки во главниот украински град разговараат за одговорот на Унијата на конфликтот, реконструкција и помош, глобалната безбедност на храната и апликацијата на Украина за пристапување во ЕУ.
Вчера шефицата на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен објави дека во Хаг ќе се формира Меѓународен центар за гонење на злосторствата во Украина. Испратена силна поддршка за украинскиот народ и најавени нови санкции за Русија.
