Србија
Пратениците на Собранието на Србија ја продолжуваат расправата за Косово
03.02.2023 10:15
Српското Собрание ја продолжуваат расправата за косовското прашање. На вчерашната седница беше објавен Извештајот за преговарачкиот процес со привремените институции во Приштина...

Пратениците во српското Собрание ја продолжуваат расправата за косовското прашање.
На вчерашната седница на која присуствуваше и претседателот на Србија, Вучиќ, беше објавен Извештајот за преговарачкиот процес со привремените институции во Приштина.
Во собраниската сала дојде до расправија меѓу пратениците. Српската десница ја обвинува власта за инцидентот во Собранието по што интервенираше обезбедувањето.
