Безбедност

МПС ги повика членовите на 4-ти февруари доследно да ги извршуваат задачите

03.02.2023 10:39

„Да не се ставате во функција на политички партии и други групации, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии и други групации“, повика Синдикатот.

Македонскиот полициски синдикат (МПС) го повика членството доследно да ги извршува работни задачи за време на одбележувањето на 4-ти февруари.

„Да не се ставате во функција на политички партии и други групации, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии и други групации“, повика Синдикатот.

Оттаму предупредија дека безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиски или какви било други влијанија, затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност, правна држава и непристрасно спроведување на законите.