ДКСК

Антикорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски

03.02.2023 12:54

Директорот на агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија да се гонат кривично ќе иницираат антикорупционерите до Јавното обвинителство. Ниту тие, ниту спортските федерации и професионалните клубови не биле транспарентни и отчетни кој и како ги добива средствата од ваучерите...

Милијарда денари народни пари годишно од буџетот кои се одлеваат за спортот, години наназад не завршувале на вистинското место, констатираа антикорупционерите.

Тригодишните анализи покажале бројни незаконитости во нивната распределбата со што се оштетувал не само државниот буџет, туку и субјектите кои имале право на овие пари, а поради незаконитостите не ги добиле, велат од комисијата. Кривична да бидат гонети ќе бараат од Обвинителството.

Од Владата ќе бараат одговорност за нив, а од Управата за јавни приходи ќе засилен надзор врз корисниците на ваучерите.

Антикорупциска од Обвинителството бара поведување на кривична постапка и за поранешниот градоначалник Висар Ганиу и овластениот инспектор како и за ТИРЗ Тетово.

 

 

Фиљана Кока