И втор пораз од Црногорците
Македонската одбојкaрска репрезентација загуби со 3-0 во сетови и на вториот контролен натпревар со селекцијата на Црна Гора, денеска во Будва. 25-20, 25-19 и 26-19 е резултатот по сетови за Црногорците во мечот, на којшто Македонија повторно настапи некомплетна.
Нашиот тим веднаш се враќа за Струмица, каде што продолжува со подготовките за евроквалификацискиот турнир наредниот викенд. Ривали во групата ќе и бидат селекциите на Грузија, Азербејџан и Шведска.

Сите натпревари на нашата национална селекција од првата фаза од квалификациите за настап на наредното континентално првенство ќе ги следите во директни преноси на МРТ наредниот петок, сабота и недела.