Словенија

Автобус се преврте во Словенија, тројца загинати, неколкумина повредени

03.02.2023 13:39

Три лица загинаа, а неколкумина се повредени откако автобус со романски регистарски таблички излетал од патот на автопатот кај Мурска Собота во Словенија...

Три лица загинаа, а неколкумина се повредени откако автобус со романски регистарски таблички излетал од патот на автопатот кај Мурска Собота во Словенија.

Спасувачите првично добиле информација дека се превртел камион. Веднаш била повикана друга екипа напомош. Поради долгата колона со возила, на втората екипа и биле потребни два часа за да стигне до местото на несреќата.

Затворен е автопатот кон Марибор, возилата се упатуваат кон регионален пат. Истрагата е во тек.