Скопје

По едномесечна пауза повторно дојава за бомби

03.02.2023 13:56

По речиси месец и пол, повторно анонимна дојава за поставени бомби во 8 средни скопски училишта. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и се извршени антитерористички проверки...

Прв пат од почетокот на второто полугодие, повторно има дојава за бомби во неколку скопски училишта. Полицијата на терен, учениците еваукирани од училиштата. Втора недела по враќањето во уличишните клупи, повторно се активираа заканите со дојави за бомби во неколку училишта.

Министерството за внатрешни работи информираше дека веднаш се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и се извршени антитерористички проверки.

„Денеска околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од МВР.

Дојавите за бомби во училиштата скоро и да беа секојдневие во текот на првото полугодие од оваа учебна година. Сите закани беа лажни.

 

Ана Јосифовска Тодоровска