Расте интересот за дуалното образование
Се поголем број ученици го препознаваат концептот на средното дуално образование како можност за стекнување квалификации кои гарантираат брзо вработување, или отворање сопствен бизнис. Во Штип расте интересот и од страна на компаниите каде се изведува практичната настава...

Дуалното образование во средните училишта во Штип се практикува втора година. Досегашните искуства се позитивни, расте интересот и кај учениците и кај стопанството и институциите. Средното медицинско училиште соработува со Клиничката болница и Центарот за јавно здравје, а обука за учениците нудат и приватните лекарски ординации
Практичната обука која компаниите ја нудат за учениците во средното текстилно училиште, може да е чекор кон решавањето на проблемот со слабиот интерес за упис во ова училиште
Средното електромашинско училиште оформи две дуални паралелки. Сметаат дека ова е начинот за квалитетно остручување на средношколците, но и обид да се намали иселувањето
МОН на учениците во дуалното образование исплаќа месечна стипендија од 3.500 денари. Учениците стекнуваат квалификации за полесно вклучување на пазарот на труд, а компаниите кои нудат обука имаат шанса да си обезбедат квалитетен кадар.
Славица Величковска
