Ѓуровска: Македонските граѓани добро ги познаваат базичните вредности на ЕУ
03.05.2014 19:08
Европското движење на Македонија долги години ја промовира европската идеја во Македонија...

Македонија го одбележа европскиот ден на знамето. 100-тина млади тргнаа на планинарски марш на Водно под мотото обединети во различностите. Европското движење на Македонија долги години ја промовира европската идеја во Македонија.
Гостинка во Дневникот беше професорката Милева Ѓуровска, претседателка на оваа невладина организација.
„Што се однесува до европските вредности, навистина Европското движење во изминатите 20 години колку што опстојува настојуваше да ги приближи кон македонските грѓани и ми се чини дека сме прилично успешни на тој план. Македонските граѓани добро ги познаваат основните вредности на Европската унија“, тврди Ѓуровска.
