Модулаторната терапија на пациентите со цистична фиброза ќе им обезбеди квалитетен живот
Антибиотици, витамини, инхалација, тешко е секојдневието на луѓето со цистична фиброза. Внимателно ги слушаат советите од лекарите за да одложат хоспитализација, за нив, новата терапија е единствена надеж за поквалитетен живот...

Антибиотици, витамини, инхалација и така 23 години. На Џенета, на шестмесечна возраст и била дијагностицирана цистична фиброза. Како и 90 проценти од пациентите и таа добила дијабет. Последните шест години со терапија го регулира шеќерот во крвта.
Дијагнозата цистична фиброза Бојан ја добил на 27 години. Имал здравствени проблеми, но не биле поврзани со причинителот, т.е. со ретката болест. Оттогаш ги слуша советите на лекарите само за да ја одложи хоспитализацијата.
Тежината на секојдневието, Бојан ја надминува преку насмевките на неговите двегодишни близначиња, Филип и Мила. Тие за среќа ја немаат болеста како нивниот татко.
„Јас имам потреба да бидам добро за да се грижам за нив да израснат во здрави индивидуи“, изјави Бојан.
Модулаторната терапија кои ја бараат пациентите со цистична фиброза ќе им обезбеди квалитетен живот. Борбата за воздух ќе биде минато, како и честите инфекции и хоспитализации. Џенета ќе може да го живее сонот на секоја млада девојка, а Бојан да ги гледа децата како растат.
Наташа Јанчиќ
