Навредите кон Антиќ, чинат 30.000 денари
Во поразот од Пелистер, на домашен најтрофејниот македонски кошаркарски клуб е казнет за влегување неслужбени лица на теренот...

Следниот домашен натпревар, Работнички во Првата лига ќе го игра без публика. Навредите која навивачите на Работнички ги изрекувале на сметка на Перо Антиќ, првиот човек на КФМ, како и кон судиите на неодамнешниот натпревар против Пелистер (79-88), како и влегувањето на неслужбени лица по завршувањето на теренот скапо ќе го чинат најтрофејниот кошаркарски колектив кај нас.
Во поразот од Пелистер на домашен најтрофејниот македонски кошаркарски клуб е казнет за влегување неслужбени лица на теренот и покрај суспензијата ќе плати казна од 16.000 денари.
Казната од 16.000 денари беше само за тоа дело, додека дополнителни 10.000 денари ќе платат поради неспортско навивање кон КФСМ и уште 4.000 денари за слабо поставена редарска служба.
Со сите казни се доаѓа до сума од 30.000 денари, а ако се додаде казната за техничката грешка на Форте од 3.200 денари тогаш сумата е 33.200 денари.
