МВР

42 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

03.02.2023 21:00

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови...

Денеска, во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 42 сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, стои во соопштението од МВР.