Македонија

Почнаа чествувањата по повод 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

04.02.2023 09:15

Во црквата „Свети Спас“, државниот врв, делегации предводени од претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски положија цвеќиња на гробот на великанот на македонското револуционерно движење. Во дел од чествувањата, најавена е бугарска делегација...

Почнаа чествувањата по повод 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер, визионер и учител Гоце Делчев. Во црквата „Свети Спас“, државниот врв, делегации предводени од претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски положија цвеќиња на гробот на великанот на македонското револуционерно движење.

Во дел од чествувањата, најавена е бугарска делегација преводена од министерот за внатрешни работи Демерџиев. Почит ќе оддадат и преставници од законодавниот дом, партиски делегации, дипломати, граѓански здруженија, поединци.

Полицијата строго го контролира просторот во делот околу црквата „Свети Спас“ и гробот на великанот Гоце Делчев каде што се организира државната свеченост. Затворени за сообраќај се улиците што го опкружуваат калето.

МВР уверува дека институциите ја гарантираат безбедноста и нема да дозволат инцидент или понижување на македонскиот народ и држава. Повик од државниот врв за достинствено чествување и обединување.

На граничниот премин Деве Баир, пак, има зајакнати контроли, протоколи и правила според кои се пропуштаат граѓани да влезат во земјава.