Македонија

Падна системот за контрола на граничните премини, нема проток на возила на Деве Баир

04.02.2023 10:27

МВР информира дека системот на граничните премини не е во функција, но екипи работат на негово оспособување. Селективно се пропуштаат само итни случаи.

На граничните премини падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување, пренесува дописникот на МРТ од граничниот премин Деве Баир. Во моментот нема проток на возила, а и од изутрината пропуштени се неколку возила и еден автобус кои не се упатувале на одбележувањето на 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

МВР информира дека системот на граничните премини не е во функција, но екипи работат на негово оспособување. Селективно се пропуштаат само итни случаи.

Преку граничниот премин Деве Баир подоцна се очекува да премине делегација од Бугарија предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.

Во бугарската делегација, која ќе положи цвеќе на гробот на Делчев денеска на одбележувањерто во црквата „Свети Спас“ се и министерот за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев и заменик-министерот за внатрешни работи Венцислав Катинов.