Македонија

Мицкоски: Разочаран сум што чествувањето поминува во атмосфера на поделеност

04.02.2023 10:45

Единаесет делегации на партијата ќе полoжат цвеќиња...

Централниот штаб на ВМРО- ДПМНЕ предводен од лидерот на партијата Христијан Мицкоски организирано пристигна на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“. Единаесет делегации на партијата ќе полoжат цвеќиња. 

„Со овој марш сакаме да го одбележиме овој ден. Но, она што ме разочарува и она што создава едно би рекол посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа Влада е избрана со ветување за живот, со ветување дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите, можете да видите денеска имаме во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок степен, од прв степен, хеликоптери летаат или може да заклучам дека не само што не ги решиле туку ги продлабочиле“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

„Ја опљачкаа, ја уништија, ја ограбија Македонија и ја поделија Македонија. Колку побргу заминат толку подобро ќе биде за сите нас“, нагласи Мицкоски.