Светски ден на борба против ракот, пациентите да ги користат можностите за превенција
Пациентите малку ги користат превентивните лекарски прегледи за рано откривање на ракот. Не се запознаени или не се информирани. За здрав живот потребни се здрави навики и редовни лекарски прегледи. Во Велес одбележан 4-ти февруари, светскиот ден на борба против ракот …

„Превенција и рано откривање на рак“ беше темата на трибината кој се одржа во Велес за Светскиот ден на борба против ракот, 4-ти февруари. Поразителни се податоците од анкета на организаторот, Швајцарската фабрика за медицински помагала „Ронтис“, лоцирана во Велес, за здравствените навики на вработените.
Тие не се доволно запознаени што треба да сторат за превенција од ракот. Од 200 вработени 75 отсто воопшто не биле на мамографија, на еко на дојка не биле 60 отсто. Или само 10 отсто биле на некаков превентивен лекарски преглед.
За здрав и долг живот, докторите препорачуваат здрави навики, здрава храна, спортување и рекреација.
Не само жените, туку и мажите се судруваат со карциномот. И тоа најчесто на простата, но не водат грижа за сопственото здравје.
Превенција за карцином на дојка е можна со редовни самопрегледи од страна на жената.
Со оваа трибина за прв пат Македонија и Велес беа дел од мапата на светски настани на 4-ти февруари. Целта беше да подигне свеста за оваа болест и да се поттикне неговата превенција, откривање и лекување.
Петар Печков
