ЕУ бара независна истрага за немирите на истокот од Украина

03.05.2014 19:40

Апелираше сите вмешани страни во конфликтот да се воздржат од насилство и преку дијалог да дојдат до заедничко решение за кризата...

Европската унија бара независна истрага за случувањата во Украина што во последните 24 часа го тресат истокот од земјата. Апелираше сите вмешани страни во конфликтот да се воздржат од насилство и преку дијалог да дојдат до заедничко решение за кризата. Во меѓувреме продлжуваат уличните борби во Краматорск. Десетици се загинати, повеќе од 100 повредени. Во Одеса е прогласена тридневна жалост.

„Многу луѓе дојдоа овде вчера и се уште доаѓаат и денеска. Подготвени се да дадат крв, да пружат било каква помош за повредените“, вели еден доктор.

Украинската служба за безбедност соошти дека илегалните воени групи од молдавската сепаратистичка покраина Придњестровје заедно со руските групи работат на предизвикување немир на југот од земјата. Оттаму додаваат и дека провокациите во Одеса резултирале со судири и бројни жртви. За потсетување, до судир дојде кога проруските активисти ги нападнале поборниците за Украинско единство коишто се движеле низ градот во којшто на големо се зборува на руски јазик.

Инаку украинските сили ја вратиле контролата врз централната зграда на службата за безбедност во Краматорск, јужно од Славјанск. Портпарол на рускиот претседател Путин ги оцени жртвите во Одеса како доказ дека владата во Киев ги поддржува националистичките екстремисти. Тој истакна и дека Русија го загубила влијанието врз милициите во источна Украина, додавајќи дека Москва не може сама да ја реши состојбата во земјата. Германската канцеларка Меркел и американскиот претседател Обама сметаат дека Русија има одлучувачка улога во конфликтот. Побараа од властите во Москва да го искористат своето влијание и да дадат придонес во намалување на тензијата. Шефот на украинскиот антитерористички центар Василиј Крутов рече дека тоа што се случува на истокот од земјата не екраткотраен бунт, туку вистинска војна.

 

Марина Автовска