Мини диви депонии во тетовско, никој не се казнува
Мини диви депонии на пределот кон тетовското Кале и Шарпланинските села. Природата се загадува, но никој не се казнува. Од Тетовскиот инспекторат, најавија санкции за несовесните граѓани, кои ќе бидат фатени како ја загадуваат околината, преку надзорни камери.

Забрането фрлање на смет, пишува на една од таблите, покрај патот кон тетовското Кале. Но, состојбата на терен алармантна. Мини диви депонии од разновиден отпад низ Шарпланиското подрачје, најчесто долж патиштата кои водат кон селата и калето.
Наместо убавини и чист воздух, глетката и миризбата е неподнослива, реагираат граѓаните, кои ги затекнавме како рекреираат.
Подолг период ниту едно лице не е казнето за загадување на животната средина. Од Тетовскиот инспекторат, велат дека немале доволно број вработени, да го покријат целиот терен. Но, сега, Инспекторатот за екологија е екипиран, а најавите се дека ќе има санкции за несовесните граѓани, кои ќе бидат фатени како ја загадуваат околината, преку надзорни камери.
Освен Шара и реката Пена, Тетово тоне во смет, особено нејзиниот долен дел, чие корито несовесни граѓани го затрупале со илјадници тони разновиден отпад. Општинските власти, велат дека на пролет ќе го подигнат сиот смет, а во меѓувреме нивни екипи ќе вршат почести контроли.
Зоран Димовски
