САД/ Канада

Поларен студ со температури до -51 степен

04.02.2023 12:17

Епскиот арктички студен бран како што го нарекуваат, северниот и источниот дел на Мејн не доживеале од 1982 и 1988 година...

Метеоролошките служби на САД и Канада вчера ги засилија предупредувањата за ниски температури кои можат да достигнат и до-50 целзиусови степени во североисточниот и источниот дел на Канада, кои се погодени од силни ветришта.

Епскиот арктички студен бран како што го нарекуваат, северниот и источниот дел на Мејн не доживеале од 1982 и 1988 година.

Во источна Канада се издадени предупредувања за поларен студ, а тамошното министерство за животна средина предупреди на ризик од смрзнатини за неколку минути.