МВР

На Деве Баир приведени тројца бугарски државјани, се обиделе физички да нападнат полициски службеници

04.02.2023 14:02

Лицата се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот...

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З. (35), А.Х. (50) и Р.Х. (54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, информираат од МВР.

Лицата се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот, стои во соопштението.