Силно полициско обезбедување, граѓаните и здруженијата со реакции
Голем безбедносен обрач околу црквата Свети Спас. Според протоколите, можеа да влезат само лица што беа акредитирани да присуствуваат на свеченоста. Граѓани чекаа да бидат пропуштени од полицијата за да се поклонат пред гробот на Делчев…

Додека државниот врв положуваше свежо цвеќе, пред барикадите, граѓани од изутрината чекаа да бидат пропуштени од полицијата за да се поклонат пред гробот на македонскиот великан Гоце Делчев.
Според безбедносните протоколи, во црквата Свети Спас можеа да дојдат само лица што беа акредитирани да присуствуваат на свеченоста. Откако државниот и владин врв замина од скопското Кале, полицијата почна да пропушта некои граѓаните, дел од нив се откажаа од намерата да го посетат гробот на Делчев.
Сите што влегуваа во таканаречената безбедна зона беа претресувани од полицијата. За строгите протоколи реагираа од „Светскиот македонски конгрес“ и здружението „Матица на иселениците“.
Во текот на свеченоста, околните улици беа затворени за сообраќај, а полиција можеше да се забележи на секој чекор. Во текот на целата свеченост полициски хеликоптер на МВР ги надлетуваше калето и црквата Свети Спас. Настанот прогласен за случување од висок ризик.
Викторија Милевска
