Мирно и со засилени безбедносни мерки одбележан денот на раѓањето на Делчев во Штип и Делчево
Со засилени безбедносни протоколи се одбележа годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и во градовите од источниот регион. Овој ден е посебен за Штип, каде Гоце учителствувал, за Универзитетот кој го носи неговото име, како и за Делчево...

Со букети цвеќе и историски час пред спомен релјефот на Гоце Делчев на училиштето каде тој бил учител во штипско Ново Село, се одбележа годишнината од раѓањето на револуционерот. Аманетот за македонската самобитност сега треба да се води со политички дијалог, истакна градоначалникот на Штип.
Училиштето на Делчев сега е седиште на ректоратот на Универзитетот кој го носи неговото име. Пригодно одбележување на денот на раѓањето на Делчев имаше и во Делчево.
Чествувања на истокот имаше во скоро сите општини, без инциденти но со засилени безбедносни мерки.
Славица Величковска
