Пораките на Делчев остануваат патоказ
Трајните визионерски пораки, повеќе од век и пол сè уште се силен патоказ за сите нас. Кога светот станува глобален дом за нациите, онаму каде политиката и културата го имаат граѓанинот во средиштето, делото на Гоце Делчев несомнено треба да се ползува како мост што треба да нè поврзува, велат историчарите и социолозите …

Трајните визионерски пораки, повеќе од век и пол сè уште се силен патоказ за сите нас. Учителот кој своевремено ја восприеми возвишената авангардна граѓанска определба и добро ги познаваше приликите во кои живееше нашиот човек, се цитира насекаде во светот како лик кој го спозна како поле на културен натпревар меѓу народите. Нашето битисување е нераскинливо од неговата идеолошка определба, велат некои од историчарите додавајќи дека не бадијала асномскиот документ се повикува токму на Делчев.
Модерното општество не може да ја запостави неговата порака дека за еден народ најголема задача е моралната револуција, револуцијата на умот, срцето и душата. Дел од социолозите тврдат дека сме успеале онолку колку што можеме. Тешко ни оди, но не само ние, туку целиот свет е во некоја криза. Најважно е дека земјава постои, признаена е, со што идејата и сонот на Делчев се остварува.
Кога светот станува глобален дом за нациите, онаму каде политиката и културата го имаат граѓанинот во средиштето, делото на Гоце Делчев несомнено треба да се ползува како мост што треба да нè поврзува.
Експертите порачуваат да бидеме отворени за прифаќање на слободоумните и мирољубивите луѓе за сите кои сакаат да ги чествуваат вредностите кои ги негуваше и ни ги остави во наследство Делчев.
Фиљана Кока
