Здравство

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Владата

04.02.2023 16:07

„Сакаме лек, а не комодитет“, „Ретки сме и постоиме“-пациентите со цистична фиброза протестираа пред Владата. Бараат од надлежните институции да обезбедат современа терапија и услови за хоспитализација…

Марио Нелоски е седумкратен државен победник во џудо. Тој може да постигне многу, ако добие можност за живот.

На протестот пред Владата пациентите со цистична фиброза ги потсетија надлежните дека тие не се само бројка, дека немаат ништо против институциите, само бараат лек за квалитетен живот.

Додека ја чекаат терапијата, тие потсетија дека условите за лекување се несоодветни, инхалациската терапија и сè што во моментот им е препишано од лекарите треба да ги добиваат навреме.

Надлежните ветија дека за осум пациенти ќе се обезбеди современа терапија, а до крајот на годината ќе направат напори 30 пациенти да ја примаат терапијата.

Наташа Јанчиќ Менковски