Македонија

Каменуван македонскиот клуб во Благоевград

05.02.2023 09:40

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград синоќа бил каменуван…

Бугарската полиција потврди дека околу 21 часот бил каменуван македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Полицијата извршила увид на искршеното стакло на влезот на македонскиот клуб.

Овој инцидент се случи по вчерашното приведување на тројца бугарски државјани на граничниот премин „Деве Баир“ кои ги навредуваа и не почитува наредби од македонските полицајци.

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ беше отворен во Благоевград лани во октомври.