Снежно невреме го зафати регионот
Снежните врнежи предизвикуваа проблеми на возачите и на територијата на БиХ. Блокирани сообраќајници. Големи штети во делови од Белград и Нови Сад. Паднати бандери во населени места. Дожд со град и силен олуен ветар предизвика хаос на територијата на Србија. Обилни врнежи снежните врнежи завеаја и места на планинските предели Златибор и Копаоник.

Невреме проследено со силен ветар го зафати балканскиот регион. Предизвика штети во повеќе делови на Хрватска, искорнати дрвја, оштетени се покриви и превртени возила. Издаден е црвен аларм за целото хрватско приморје.
Снежните врнежи предизвикуваа проблеми на возачите и на територијата на БиХ. Блокирани сообраќајници. Големи штети во делови од Белград и Нови Сад. Паднати бандери во населени места. Дожд со град и силен олуен ветар предизвика хаос на територијата на Србија. Обилни врнежи снежните врнежи завеаја и места на планинските предели Златибор и Копаоник.
Несреќи и прекини во снабдувањето со струја во Словачка, Чешка и Полска. Во невремето загинаа најмалку две лица.
„Им препорачуваме на возачите да го ограничат возењето во текот на денот само за основни цели. Сите наши возила и возачи се на терен, во континуирана работа. И покрај нашите максимални напори, ситуацијата и понатаму е најкомплицирана на планинските превои кои во моментов се непроодни за камиони“, изјави Ева Лацови, портпаролка на самоуправниот регион Алина.
„Ситуацијата е одржлива на локалните патишта и тротоари, нашите момци се справуваат со количината на сегашниот снег“, изјави градоначалникот на Липтовска Микула.
„Ситуацијата беше тешка, но мислам дека се снајдовме. Ситуацијата почна да се влошува во вечерните часови и тогаш побаравме помош“, рече градоначалникот на Руомберок.
На северот, словачките власти прогласија „вонредна состојба“ во 27 општини. Во Чешка десетици илјади домаќинства останаа без струја.
Турските авиокомпании откажаа речиси 240 летови поради очекуваното снежно невреме. Жителите на Истанбул се предупредени на претстојната снежна бура, која се очекува да донесе силен ветер во градот.
Најмалку три лица загинаа во серијата лавини во западна Австрија.
Марина Ристова
