По две децении Штип ќе добие кино
Приватизацијата и новите технологии ставија крај на кино проекциите во Штип. По повеќе од две децении без кино сала, во најава е отворање на кино во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“...

Скоро две децении Штип нема кино. Како студенстки но и град со традиција на кино проекции долга еден век, денес на излегување на кино се сеќаваат само возрасните штипјани.
Дека штипјани одамна биле љубители на седмата уметност, говори и податокот дека првата кино проекција ја имале во 1909 година, а кино сала отвориле во 1920 година.
На локацијата на летното кино сега се наоѓа Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, каде за околу еден месец треба да се отвори кино сала.
Капацитетот на кино салата е за околу 100 посетители. Се најавува богат репертоар и квалитетни проекции.
Славица Величковска
