Спасовски: Македонската полиција покажа дека е полиција од европски ранг
И пред гробот на великанот Делчев во „Свети Спас“ и на граничните премини, македонската полиција покажа дека е еклатантен пример на полиција од европски ранг, посочи министерот при што им се заблагодари на граѓаните и медиумските работници за чествувањето на делото на Делчев.

Македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ, пишува во соопштението до јавноста од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по вчерашното одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Тој им оддаде признание на сите полициски единици за исклучително добро реализираниот план поврзан со безбедноста на настанот.
И пред гробот на великанот Делчев во „Свети Спас“ и на граничните премини, македонската полиција покажа дека е еклатантен пример на полиција од европски ранг, посочи министерот при што им се заблагодари на граѓаните и медиумските работници за чествувањето на делото на Делчев.
И Македонскиот полициски синдикат упати пофалби за професионалниот однос на полицајците вклучени во зачувување на безбедноста на државата и на граѓаните.
