Семакедонски собир

Европски права за македонското малцинство

05.02.2023 13:57

На чествувањето на 151-годишнината од роденденот на великанот Гоце Делчев, на семакедонскиот собир што по 20-ти пат се одржа во Прилеп, е упатен апел до Европската унија за почитување на правата на македонското малцинство во соседните земји…

Бараме да се почитуваат и да се спроведат европските вредности за правата на македонското малцинство во соседните држави. Оваа порака е упатена до Европската унија од денешното чествување на 151 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев. На семакедонскиот собир во Прилеп на која присуствуваа Македонци од Грција, Албанија, од земјава, а со видеоповици и од Бугарија и од Хрватска се отвори тематската расправа. За европското и националното право на Македонците во соседните земји.

Во Албанија е подобрена состојбата, но треба да се работи уште во сите делови од државата. Во Хрватска, Македонците се во уставот, имаат финансиска поддршка за изразување на македонските културни вредности.

Најтешко им е на Македонците во Бугарија. Од „ОМО Илинден“ велат немаат никакви права, бараат поддршка од татковината. Единствено на нивна страна е Европскиот суд за човекови права од Стразбур, но ништо не се спроведува.

Здружението „Нè има“ дваесет години чествува и ги упатува пораките за малцинските права на Македонците надвор од татковината.

Елизабета Митреска