Скопје
Приватните превозници утре на средба со Арсовска
05.02.2023 16:03
Откако најавија нови блокади на улиците и булеварите, конечно се уважи барањето на скопските автобуски превозници. Утре треба да се сретнат со градоначалничката Арсовска и да решат за неисплатените средства...

Приватните превозници утре треба да имаат средба со градоначалничката Арсовска. Оптимисти се. Од новото координативно тело на приватните превозници велат- очекуваме и решение.
Скопје повеќе од два месеца е без приватен превоз, откако Арсовска ги раскина договорите со превозниците „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.
Превозниците пред Нова година блокираа повеќе сообраќајници во центарот на Скопје за да им бидат исплатени парите. Тогаш градоначалничката Арсовска негираше дека градот им бил должник.
Ана Ј. Тодоровска
