Македонија

Унгарската претседателка Каталин Новак утре во посета на земјава

05.02.2023 17:21

Претседателката Новак на официјална церемонија ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Новак и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Унгарија.

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе биде домаќин на претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која ќе престојува во официјална посета на земјава.

Претседателката Новак на официјална церемонија ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Новак и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Унгарија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателката Новак и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев, соопштуваат од претседателскиот кабинет.