Пендаровски со осуда за каменувањето на Македонскиот клуб во Благоевград
Пендаровски најостро го осудува вандалскиот чин направен кон клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Посочува дека овој вид криминал не е европска вредност и затоа е побарано откривање и казни за сторителите. За претседателот, обраќањето на европратеникот Јорданов на социјалните мрежи е територијална претензија и негирање на Македонците, што станува секојдневие...

Претседателот Стево Пендаровски го осуди каменувањето на Македонскиот клуб во Бугарија, како и погрдните зборови на бугарскиот европратеник Александар Јорданов упатени кон граничните полицајци на македонско-бугарската граница.
Пендаровски најостро го осудува вандалскиот чин направен кон клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Посочува дека овој вид криминал не е европска вредност и затоа е побарано откривање и казни за сторителите.
Според Пендаровски, обраќањето на Јорданов на социјалните мрежи е територијална претензија и негирање на Македонците, што станува секојдневие. Затоа се бара реакција од официјална Софија и најостра осуда на овој вид говор на омраза.
