Свет

Американски борбен авион го собори кинескиот балон

05.02.2023 18:32

Американската војска соопшти дека ќе се обиде брзо да ги пронајде клучните компоненти на кинескиот балон за набљудување меѓу остатоците во близина на брегот на Јужна Каролина.

Американски борбен авион „Ф-22“ го собори кинескиот балон што неколку дена леташе над САД и неприфатливо го наруши американскиот суверенитет.

Американската војска соопшти дека ќе се обиде брзо да ги пронајде клучните компоненти на кинескиот балон за набљудување меѓу остатоците во близина на брегот на Јужна Каролина.

Балонот беше откриен во средата над сојузната држава Монтана, каде што 150 интерконтинентални балистички ракети вооружени со нуклеарни боеви глави се складирани во воена база на северот.

Пентагон соопшти дека претседателот го одобрил уривањето уште истиот ден.